RENAULT SPORT како организатор на TWINGO CUP викендов и официјално ја стартуваше својата прва сезона и прва кружна трка.

На патеката во Кичево под организација на клубот Custom Car Racing Team поддржан од Федерацијата на Македонија се претставија 9 модели на Twingo, а фановите и присутните гости беа сведоци на многу интересна трка.

Македонскиот автомобилист Мартин Делев беше најбрз со време од 1:19.806, на второто место се пласира Томислав Трајковски со 1:19.526, додека пак Давид Малинковски со 1:19.401 е на третата позиција.

„Искрено ми е мило што публиката низ целата стаза беше презадоволна од сите возачи од Twingo Cup-от. Со Томас и Давид имавме интересна борба за прво место, јас максимално ја искористив приликата за да ги поминам двајцата и со добро темпо до крајот на трката завршив на првата позиција и сум презадоволен и од возилото Twingo и од самиот себе. Голема благодарност до мојот тим како и до организацијата Renault Sport која се погрижи да се помине во најдобар ред и на едно високо ниво“, изјави победникот Делев.

Следната трка е најавена за 01 – 02.06.2019 во Кичево согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација.

За Renault Twingo CUP

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Спецификација на возилото:

  • Основно возило за преработка на купот е типот: Renault Twingo 3 AHB 005;
  • Моторот поради преправките на издувната грана добива излезни 78hp;
  • Моделот Twingo амортизацијата ја добива од Eibach со посебно штелување на геометријата на тркалата;
  • За безбедноста е избран реномираниот бренд Sparco roll cage, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;
  • Пневматиците се во полуслик изведба од производителот Nankang со Sparco алуминиумски фелни;
  • Инструмент таблата е од производителот AIM на која е поставен GPS систем,бележи времиња, моментална брзина и вртежи;
  • Возилото изобилува со останати аеродинамични посебни делови од LEMA.

За овој куп планирани се 8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) во текот на наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација.

На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило Renault TWIZY.

(ПР текст)

извор: Makfax

148

Најчитани вести