Стево Пендаровски веќе ги постави кадровските основи на неговиот кабинет. Генерален секретар на претседателската служба е досегашниот владин портпарол Миле Бошњаковски, а извори од кабинетот на Пендаровски за телевизија Сител откриваат и нови сигурни имиња кои ќе му служат на претседателот.

Како што објави телевизијата, Александар Спасов професорот по вовед во право ќе биде надворешен соработник за стручни, научни мислења и совети. Тој беше надворешен советник и на премиерот Зоран Заев, но кај Пендаровски ќе работи за надоместок. Еден од советниците на Пендаровски ќе биде директорот на инсититутот Прогрес – Тоше Зафиров.

Зафиров ќе го советува претседателот Пендаровски за внатрешна политика. Односите со јавност на претседателот ќе ги води поранешната новинарка Катерина Цаневска.

Наскоро се очекува да се одржи првата основачка седница на Националниот совет за безбедност со новите имиња кои ќе бидат предложени од претседателот на државата.

Стево Пендаровски лично ги води разговорите со оние кои би биле дел од неговиот кабинет. Генералниот секретар од времето на Ѓорге Иванов – Борис Јосифовски добил ново решение – државен советник во кабинет на поранешниот претседател. Наредната недела Пендаровски ќе побара вонредна финансиска контрола од Државниот завод за ревизија, а ќе повика и вонредна инспекција од Управниот инспекторат за документите, архивата и постапките од времето на Иванов.

5
loading...

Најчитани вести