Рафаел Надал по девети пат го освои Рим, откако во финалето со светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ демонстрираше доминација на земјена подлога, 6-0, 4-6, 6-1.

Шпанецот имаше фантастично отворање, едноставно го остави без одговор Ѓоковиќ, а не му дозволи ниту да освои еден гем и фуриозно поведе со 1-0 во сетови. Србинот успеја да се соземе во вториот сет, па дури и да се врати во мечот, но Надал одново го крена нивото и делуваше моќно и во третиот сет, што му донесе и победа.

Со ова Надал ја освои својата рекордна 34-та АТП мастерс титула од серијата 1000, со што има една повеќе од Србинот, кој пред десетина дена го изедначи рекордот.

4
loading...

Најчитани вести