Кој е Флора Бровина - косовската  која два пати за два дена ја шокираше јавноста: прво кога покажа фотографии на кои според неа се српски војници кои наводно силуваат Албанка, и веднаш потоа кога се дозна дека фотографијата е лажна а таа од херој на Косово за два дена стана предмет на осуда и презир во Европа.

Имено настанот и наводната фотографија на која српски војници на Косово во 1999 силуваат Албанка беше пренесена низ речиси сите релевантни медиуми и портали во регионот, а и низ Европа.

Биографијата на оваа жена и политичарка која за само два дена успеа да предзвика внимание, а потоа гнев и напади врз себе и од Приштина и од српската и европска јавност откако беше фатена во тешка измама за која ќе одговара и пред косовското обвинителство... е биографија со многу контроверзни детали, меѓу кои се особено се нагласени информациите дека тие била притворена во Србија за тероризам.

Бровина, пратеник на косовската владеашка партија ДПК не само што покажа лажни слики од непостоечко силивање на Албанки од Косово за да изгледа приказната веродстојно изјави и дека тоа има добиено дозвола од семејството на жената која е силувана, и дека лично ја запознала жртвата дека ги познава нејзините силувачи и е подготвена да сведочи на суд.

Само неколку часа подоцна, приштинските медиуми ја открија оваа монструозна измама, и покажаа дека тоа е фотографија од порнографски сајт и тоа во Ирак. Нема српски војници, нема силување, и особено не на Албанка. Нема ништо освен монструозна измама.

Веќе ден потоа Флора Бровина се најде пред специјалниот обвинител во Приштина да даде одговори за контроверзната фотографија која Бровина гордо и со серија коментари и говор на омраза кон Србите ја покажуваше во парламентот на Косово. Пред обвинителство Бровина ја смени приказната:  изјави дека фотографијата не ја добила од семејството на наводно силуваната Албанка туку уште во 2003 година од страна на некои активисти од Ѓаковица, на чии имиња таа не се сеќава. Изјави и дека, според тоа, лажела и за другите изнесени факти: не го знае идентитетот на "жртвата" и според тоа никогаш не ни контактирала со неа.

Нејзината изјава дека свесно лажела и од политички причини предизвикала монструозни последици по цел еден народ веднаш беше пренесена и низ медиумите, и потврдена од страна на косовското Специјално обвинителство. Дрита Хајдари, од обвинителството, рече дека истрагата за овој случај продолжува.

Со својата постапка Флора Бровина покажа карактер на политички монструм кој за свои дневно политички потреби злоупотербува судбини на стотици силувани жени од сите воени страни низ Косово. Оваа активистка за правата на жените практично плукна во лицето на сите жртви од било која етничка страна да се, и покажа дека нема гранца на лага, измама и монтруозни конструкции како нејзината кога им е тоа потребно на политичарите.

Кој е, всушност, Флора Бровина?

Таа е лекар по струка кој лутал во своите занимања. Родена е и израсната во Приштина, со завршено високо образование и специјализација во Загреб, по што се вратила на Косово, каде што извесно време работела како новинар во дневниот весник "Rilindja" на албански јазик. По ова се враќа во здравството и рабои во Приштинската општа болница.

Така било се до војната во Косово во 1998-1999, кога таа, наводно, во приватна клиника во Приштина се занимавала со лекување повреди предизвикани од војната, и патетично изјавува дека во Приштина ги криела децата кои ги загубиле своите родители во текот на "протерувањето ".

Ова не и е прва конструкција на Бровина без докази. За неа, на нејзината официјална биографија на веб страната на една од институциите во Приштина, меѓу другото може да прочита дека била киднапиран во април 1999 година, наводно од единиците на српската армија, и дека однесена на непозната локација. Никој никогаш не нашол докази за ова нејзино тврдење за киднапирање..

Според неа, таа била префрлена во српски затвор во Пожаревац во декември 1999 година и била обвинета и осудена на 12 години за терористички активности, токму поради намерата да изврши терористички дејства за време на воздушната кампања на НАТО. Сепак, набргу, во 2000-та година Врховниот суд на Србија ја поништил пресудата и била ослободена поради меѓународен притисок.

Претседателски кандидат

Потоа Бровина решава да се обиде во политиката, па во 2001 година била еден од кандидатите на претседателските избори во Косово. Иако се очекувало дека нејзината партија ДПК ќе го кандидира Хашим Тачи, тоа не се случило, а британскиот Гардијан ја опишува во тоа време Бровина како прва дама на Косово. На тие избори победил Ибрахим Ругова.

Иако поразена, таа воспоставува блиски односи со Хашим Тачи и продолжува во политиката како косовски пратеник.

Со ободот да го сврти вниманието врз себе и да заслужи почести како херој на албанската политика со објавување фотографија за силување на Албанка која веднаш беше откриена како лажна, и дека се работи за фотографија од порно сајт од Ирак, Бровина се чини ја заврши својата политичка кариера.

Нејзините партиски колеги се оградуваат од неа, претседателот на партијата Кадри Весели изјави дека нема информации за фотографија, и дека тој не може да коментира и оценува нејзината автентичност. Амбасадорката на Косово во САД, Флора Читаку, и се извини на јавноста преку социјалните мрежи. Бровина беше критикувана и од движењето "Самоопределување", додека лидерот на Социјалдемократската партија, Шпенд, изјави дека оваа нејзина постапка не може да се прости.

Критиките во медиумите и на социјалните мрежи се дека човек треба да биде монструм па со ваков фалсификат да се обиде да стекне политички поени, и дека Флора Бровина нанела голема штета на албанските интереси и на политиката, а особено на вистинските жртви од војната.

1
loading...

Најчитани вести