Loading..

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна се преселила од домот каде што живеела со мајкаи и братот Вељко и се преселила во луксузна зграда во еден од најпрестижните делови на Белград.

Иако е ќерка на Цеца, многумина во зградата не се ни свесни дека во нивниот влез живее баш Анастасија.

- Не знам, верувајте ми. Баш овде живее? Прашајте во продавниците, не сум ја видела.Јас сум постара жена, можеби мојата ќерка ја видела – рекла една госпоѓа која излегла од влезот на зградата.

Анастасија често оди во блиските продавници за пикантни јадења кои се увезени од Унгарија.

- Како не сме ја виделе. Често доаѓа кај нас. Анастасија е девојка на место. Купува се. Од сувомеснати производи до помфрит. Остава бакшиш. Баш е воспитана девојка – рекла една продавачка.

- Девојката е за пример. Нормална личност, за разлика од овие, модерни девојки кои не и се ни до колена, а глумат лудило. Доаѓа без шминка. Уште по убава е таква. Девојката е на свое место – додала продавачката.

Анастасија била и во блискиот козметички салон... -

Доѓа. Како и секоја млада девојка, така и таа води сметка за тоа да изгледа убаво. Љубезна е, убаво се однесува и драго ни е што доаѓа кај нас – нагласила козметичарката.

- Ја видов. Преубава е. Поубава ми е во живо. Полна е со харизма. Толку е тивка што не ни знаев дека тука живее. Ја видов кога еднаш заедно чекавме лифт. Беше љубезна – рекол еден дечко кој излегол од зградата на Анастасија.

Најчитани вести