Во текот на вчерашниот ден пријавени се две нови каснувања од кучиња скитници во Скопје. Првиот случај е пријавен во 15:30 часот во полициската станица Аеродром, кога Љ.С.(39) од Скопје пријавила дека на 15.5.2019 година околу 19:30 часот на ул.„1613“ во Скопје нејзината тригодишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната подлактица и градниот кош.

 

Во 21:45 часот, пак, во полициската станица Центар , С.Т. (61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16:45 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата натколеница.  

 

 

Најчитани вести