На јавните површини низ Аеродром деновиве е расфрлен отров кој е опасен и за луѓето и за животните, па од Општина Аеродром апелираат сите забележани сомнителни супстанци веднаш да се пријават во полициската станица „Аеродром“:

„Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека на јавните површини во Општина Аеродром има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето. Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон. Општина Аеродром ја информира полицијата и апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.
Доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица“
, се вели во апелот од Општина Аеродром.

1

Најчитани вести