Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со скопјани во, како што ја вели, победничка Гази Баба.

Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности, порача Мицкоски.

Според лидерот на опозицијата, се знае дека нема подобро со оваа власт и дека „метлата” во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага.

Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но, не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине. Ова се луѓе кои уништуваат, уриваат, кои со својата непринципиелност оставаат зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите. Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија!, порача Мицкоски.

2
loading...

Најчитани вести