Десетици илјади демонстранти се собраа во градовите во Бразил во средата за да протестираат против замрзнување на трошењето во образованието најавено од владата на Јаир Болсонаро, како дел од пошироки владини напори за намалување на трошоците, пренесува „Спутник“.

Во средата, Бразилската национална студентска унија повика на протести против намалување на трошоците откако Министерството за образование соопшти дека замрзнува речиси една четвртина од дискреционите трошоци – 1,85 милијарди долари.

Маршевите на кои излегоа речиси 150.000 луѓе се одржаа во повеќе од 200 градови, според  „Глобо ТВ. Во главниот град Бразилија, околу 7.000 студенти и универзитетски професори маршираа кон Конгресот, носејќи транспаренти против намалувањата.

„Нашата порака до Болсонаро е дека општеството нема да ги прифати овие намалувања од 30 отсто”, рече Луис Антони Паскети, шеф на Синдикатот на професорите од  Националниот универзитет во Бразилија.

Маршот беше претежно мирен, меѓутоа во Рио де Жанеиро демонстрациите станаа насилни кога демонстрантите, наводно, запалиле автобус и почнаа да фрлаат пиротехнички средства кон полицајците, кои морале да употребат солзавец и гумени куршуми за да ја разбијат толпата.

Сè уште нема информации за бројот на повредени за време на протестите.

Говорејќи во Далас, Тексас, каде што присуствуваше на гала-вечера, Болсаонаро ги отфрли протестите против намалувањата на средствата за образование.

„Тие се корисни идиоти, имбецили, ис користени како маневрирачка маса од паметно мало малцинство кое го сочинува јадрото на многу федерални универзитети во Бразил”, рече тој.

Бразилскиот министер за образование, Абрахам Вајнтраб, ја посочи ситуацијата како наследство на претходната влада, бранејќи го префрлањето на средствата од универзитетите за да им се помогне на основните училишта.

„Приоритет се предучилишното, основното и техничкото образование за да ја спасиме оваа земја од економската стагнација на последните 20 години “, рече тој.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести