Почина хирургот кој отвори ново поглавје во медицината со пресадувањето срце на новороденче, а поради што претрпе и многу критики. Тој почина на 76 години по долгогодишна борба со ракот.

Одлуката на Леонард Бејли да го пресади срцето на павијан-мајмун, со големина на орев, на 12 старото новороденче, познато само по измисленото име „Бејби Фае“ предизвика големо меѓународно внимание и поттикна многу морални и етички прашања за користење животинско срце, бубрег и други органи за пресадување на луѓе.

Критиките беа толку големи што пресадувањето органи од други видови до дене не стана стандардна процедура во медицината.

Бејли, таа операција во 1984 година го претвори во водечки светски авторитет во трансплатација на срце. Докторот од малиот град изнендано стана меѓународнопознат вешт и храбар хирург, кој е подготвен да ги урне бариерите. Но за тоа плати висока цена.

извор: Makfax

49
loading...

Најчитани вести