Авионскиот сообраќај цело утро е во прекин во Белгија поради ненајавениот штрајк на контролорите на компанијата „Скајс“. Оневозможено е полетувањето и слетувањето на комерцијалните летови до 13 часот по локално време.

Осумдесет летови се откажани во меѓународниот аеродром во Брисел, Завентем, кој е најголем во земјата, рекла портпаролката на аеродромот, Натали Пјерард.

Сообраќајот на аеродромите во Чарлрој и во Лего е пореметен, објави „Еуроконтрол“, зошто е укината контролата на сите авиони кои летаат на висина до 7.500 метри.

Тоа се одрази и на сообраќајот на аеродромот Амстердам-Шифол, во Холандија, рекол портпаролот на „Еуроцентар“.

Прекинот на сообраќајот е последица на неочекуваниот штрајк во „Скајс“ компанија која веќе со недели ја тресат штрајкови, при што синдикатите се жалат на недостиг од персонал.

извор: Makfax

1

Најчитани вести