Велика Британија, од воздушната база „Амари“ во Естонија два пати во два дена ги ангажираше своите борбени авиони „Тајфун“, со цел да пресретнат руски авиони, објави агенцијата „Ројтерс“.

Авионите полетале во средата за да пресретнат два руски борбени авиони „Су-27“ и „Ил-22“ и да ги придружуваат до рускиот воздушен простор. Ден претходно, британските авиони добиле наредба да полетаат со цел да одговорат на прелетувањата на руски воени летала долж балтичкиот брег, кои летале во правец кон Калининград.

Минатиот месец Велика Британија од Германија ја презеде контролата над тој воздушнен простор во рамки на мисијата на НАТО.

извор: Makfax

6
loading...

Најчитани вести