Еден од младите лидери на уличните продемократски протести во Хонг Конг во 2014 година повторно беше ставен во затвор, откако ја изгуби жалбата против затворската казна за непочитување на судот.

Џошуа Вонг (22) беше осуден на три месеци затвор во јануари минатата година за непочитување на судскиот налог и ненапуштање на протестната зона за време на демонстрациите што ги блокираа главните улици во градот речиси три месеци.

Апелациониот суд ја потврди пресудата, но ја намалил затворската казна на два месеца, наведувајќи ја неговата возраст како причина. Вонг претходно помина шест дена во затвор пред да биде ослободен во исчекување на жалбата.

Вонг, кој тогаш имал само 17 години, беше во првите редови на масовниот граѓански протест што за кинеската комунистичка партија во Пекинг претставуваше еден од најголемите политички предизвици со кои тие се соочиле во последните неколку децении.

„Тоа е навреда за судот и мора да биде казнето“, рекоа тројцата судии во својата одлука. „Секоја сугестија дека тој е казнет поради неговиот статус или озлогласеност како осуден социјален активист е сосема неоснована и погрешна“.

Откако стражарите го одведоа Вонг, десетици лица се собраа пред зградата на судот, а некои од нив мавтаа со жолти чадори – симбол на протестите од 2014 година.

Во наредните неколку недели се очекуваат уште улични протести.

извор: Makfax

8
loading...

Најчитани вести