Италијанскиот парламент го отфрли најновиот предлог на опозициските партии за намалување на ДДВ за тампоните и другите санитарни производи за жени.

Женските санитарни производи подлежат на данок од 22% во Италија.

Предлогот беше отфрлен со 353 гласови против и 189 за, откако финансиските функционери пресметаа дека истиот би ја чинел земјата 212 милиони евра доколку данокот се намали на 10 отсто и над 300 милиони евра доколку истио се намали на 5 отсто.

Ова е вторпат ваков предлог да биде блокиран од италијанскиот парламент.

Енза Бруно Босио, пратеничка од Демократската партија, која ја предложи промената, рече дека со ваквиот потег, владејачката партија изгуби уште една можност да се докаже како автентичен бранител на еднакви можности“.

Друга пратеничка на Демократската партија, Карла Кантоне, им рече на колегите во парламентот дека санитарните производи не се исклучиво за жени.

„Ова не се однесува само на вашите жени и деца. Ќе сфатите кога ќе стигнете до 60 години. Им зборувам на моите машки колеги, ќе сфатите дека ви требаат санитарни производи за проблеми со инконтиненција или си простатата“.

Политичарот Џусепе Чивати нагласи дека одлуката ја прикажува Италија како шовинистичка и традиционалистичка земја која „не може да го изговори зборот менструација без смеење…затоа што жените треба да останат во кујната. И да плаќаат ДДВ“.

извор: Makfax

15

Најчитани вести