Европскиот суд на правдата (ЕСП) донесе серија пресуди за случаите на депортација кои вклучуваат мигранти што или биле осудени за кривични дела или биле сметани за закана за безбедноста, одбивајќи да дозволи нивна депортација во случај да се соочуваат со тортура во нивните земји, пренесува „Ил џорнале“.

Трите случаи за кои судот донесе одлука вклучува мигранти од Конго, Брегот на Слоновата Коска и од Чеченија на кои им било одбиено правото на азил во Белгија или во Чешка бидејќи биле осудени за тешки кривични дела или биле сметани за закана за националната безбедност.

Судот рече дека одбивањето на азилот не значи дека барателите на азил ќе бидат автоматски депортирани, велејќи дека се уште се под заштита на Женевската конвенција и дека ако постојат разумни докази оти ќе бидат мачени или убиени во нивните матични земји, мигрантите не може да бидат депортирани од Европа.

Судијата ја блокираше нелегалната депортацијат врз основа на загриженоста за човековите права иако бил свесен дека Иранецот лажел дека преминал во христијанство.

Пресудата може да биде удар за популистичкиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој вети дека ќе започне депортација на мигрантите- криминалци во нивните матични земји и издвои пари за да помогне во преговорите за трансферот на нелегалните мигранти во земјите со кои Италија нема договори за репатријација.

Салвини реагираше на пресудата велејќи:

„Заради ова е важно да ја смените оваа Европа со гласање за „Лига“ на 26-ти мај” и додаде: “Сепак, нема да се премислам и не го менувам законот. Барателите на азил што силуваат, крадат и продаваат дрога ќе бидат вратени дома. Во Уредбата за безбедност постојат уште построги правила против шверцерите и трговците со луѓе “.

Миграцијата и безбедносниот декрет беа изготвени и усвоени од италијанскиот парламент минатата година и покрај критиките од сенаторите од Движењето Пет ѕвезди, коалицискиот партнер на Салвини.

Со Уредбата, исто така, се укинува хуманитарната дозвола за престој поради што владата очекува околу 2.000 мигранти месечно да ја напуштат земјата за да се вратат во своите татковини.

извор: Makfax

1

Најчитани вести