Да се биде член на кралско семејство е привилегија, но и обрска. Со титулата доаѓаат низа правила кои ги носи традицијата, па дури и кога е во прашање модат. Ова се 12 правила до кои сите членови на кралското семејство мораат строго да се придржуваат.

1. Лакови за нокти во боја не се дозволение.

2. Тијара не може да носи секој, ниту во секоја прилика; И да, тијари се носат само на најважните настани, а децата и немажените девојки никогаш не ни помислуваат на нив.

3. Кралицата ја користи својата торбичка за да испраќа скриени пораки, на пример, кога сака да ја напушти вечерата ќе ја стави на маса.

4. Торбички за „прикривање’ деколте, нив ги изумила Дајана.

5. Торбичките служат и за одбегнување ракување, секако, во ситуации кога ракувањето е неприкладно или надвор од протоколот.

6. Кралицата носи облека во светли бои, но не затоа што ги сака, туку за да биде забележана. 

7. Носењето шешир е дел од долгата традиција, кралицата секогаш го има на главата освен во исклучителни прилики кога го заменува со тијара.

8. На патувањата секогаш мораат да понесат црна комбинација, и ова е едно од „морбидните“ правила, одно во случај на смрт на некој од членовите на семејството. 

9. Принцот Џорџ секогаш носи шорцеви, тоа е дел од традицијата на кралското семејство и аристократијата. Односно ова е еден вид обележје на класата. 

10. Забранети се обувки со платформа во присуство на кралицата, едноставно не и се допаѓаат.

11. Фустаните треба да се од тешки материјали за да се спречат непријатности со ветрот.

12. Хулахопките се обавезни.

 

2
loading...

Најчитани вести