Калифорниските кафулиња од неодамна го нудат најскапото кафе во светот по цена од 75 долари за филџан, објави агенцијата АП.

Кафулињата „Клач кофи ростерс“ во нивните ограноци во Јужна Калифорнија и Сан Франциско во понудата го имаат ексклузивното Elida Natural Geisha 803 кафе, кое според нивното соопштение, е најскапото кафе во светот.

Бројот 803 во називот на кафето ја означува рекордната цена платена за фунта од органските зрна кафе на аукција во Панама.

Поради ограничената понуда избила вистинска војна во наддавањето за ретката „Арабика“ од Панама која има цветен вкус на чај, налик на јасмин.

Во продажба имало само 100 фунти односно 45 килограми кафе, од кои повеќето завршиле во Јапонија, Кина и Тајван.

Според веб-страницата на „Клач кофи ростерс“, ова кафуле купило 4,5 килограми, што според нивното објаснување е доволно за 80 шолји кафе.

„Бев изненаденa што има кафе од 75 долари за филџан, но тоа има изненадувачки добар вкус“, вели Лорен Свенсон, едена од муштериите кои го пробле т.н. најскапото кафе во светот.

извор: Makfax

4
loading...

Најчитани вести