Со спектакуларно ласерско шоу, синоќа во Париз беа одбележани 130 години од изградбата на еден од француските и европските најзначајни симболи, Ајфеловата кула. Професионални алпинисти ја искачија кулата за да ги наместат светлата.

Ајфеловата кула е една од најпосетуваните туристички атракции во светот. На неа годишно се искачуваат приближно 6 милиони туристи. Кулата, која инаку е дело на архитектот Александар Густав Ајфел, за првпат била отворена за јавноста на 15 мај 1889 година. Ласерското шоу ќе може да се погледне и утревечер.

1
loading...

Најчитани вести