Вечерва во Тел Авив, Израел ќе се одржи второто евровизиско полуфинале! На големата сцена ќе застанат вкупно 18 изведувачи меѓу кои и нашата овогодинешна претставничка Тамара, која ќе ја отпее темата „Proud“. Вечерта ќе ја отвори Ерменија, а во борбата за пласман уште ќе ги видиме и чуеме и претставниците на Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азербејџан.

Можност за понатамошен пласман, односно за влез во големото саботно финале имаат десетмина претставници, а според обложувалниците во вечерашнот полуфинале настапуваат и најголемите фаворити за победа - Холандија и Шведска, кои имаат најголеми шанси. Добро стојат и Русија, Азербејџан и Швајцарија.

Прогнозите на Тамара за понатамошен пласман се добри, па ни останува да бидеме трпеливи и да почекаме до вечер за да видиме дали толку посакуваното финале конечно ќе стане стварност. Време е да се разбие малерот и за нас Евровизија да не завршува после полуфиналната вечер.  

       
1

Најчитани вести