Италијанската актерка Моника Белучи на прашањето на новинарите за брак изјавила дека не размислува повторно да се венча. По двата неуспешни брака, италијанската дива вели дека не сака повторно да влезе во нова слична авантура. Во моментот е среќна со 18 години помладото момче, францускиот уметник Николас Лефебр.

„Во моментот убаво ми е со Николас. Среќна сум со него и сакам ваквата врска да трае. Не планирам брак“, изјави Белучи.

Светските медиуми пренесуваат дека двајцата секогаш предизвикуваат внимание каде и да се појават. Викендов беа снимени на романтичен одмор во Венеција. Италијанската дива беше една од гостинките на венецискиот ѕвезден бал. Претходно, во март, беше дел од Модната недела во Париз во рамките на големата ревија на „Шанел“.

Белучи во 2013 година се разведе од францускиот актер Винсент Касел со кого беше 14 години во брак. Со Касел таа има две ќерки, 14-годишната Дева и осумгодишната Леони. Пред бракот со актерот Белучи била во брак со модниот фотограф Клаудио Карлос.

Винсент Касел пред еден месец повторно стана татко. Тој доби ќерка со 30 години помладата сопруга, француската моделка Тина Кунаки.

извор: Makfax

7
loading...

Најчитани вести