Во Порта Македонија утре, 16 мај, со почеток во 11 и 30 часот ќе се одржи промоција на универзитетскиот учебник „Вовед во безбедноста“ од д-р Цане Мојаноски, д-р Марјан Ѓуровски и д-р Гојко Павловиќ, како и универзитетската монографија „Индекс на безбедност 2“ од д-р Цане Мојаноски и д-р Марјан Ѓуровски.

Издавачи на двете книги се Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

На промоцијата покрај авторите ќе се обратат директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Д. Раи и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, Никола Дујовски.

Во рамки на промоцијата ќе се одржи академска дискусија на тема „Безбедносните предизвици на Република Северна Македонија пред и по членството во НАТО“ на која ќе говорат началникот на Генерал штабот на АРМ генерал потполковник, Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов и претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување, Верица Милеска Стефановска.

извор: Makfax

2

Најчитани вести