Државниот секретар во Министерството за надворешни работи како „шпекулација“ ги оцени информациите во повеќе медиуми дека тој заминува во кабинетот на новоизбраниот претседател на државата, Стево Пендаровски.

На прашањето на Пресинг ТВ, дали се точни информациите дека тој заминува во кабинетот на Пендаровски, односно дали станува збор за шпекулации, Виктор Димовски ни одговори дека станува збор за шпекулации.

Димовски, кој е дипломат од кариера и беше амбасадор во Белград, од каде го покриваше и Израел, а беше и директор на Агенцијата за разузнавање (2007-2009) во време на претседателот Бранко Црвенковски, се спомнуваше како идниот советник за национална безбедност на Пендаровски.

Извор: Пресингтв

Најчитани вести