Поголемиот дел од парите кои беа ветени од донатори за обнова на катедралата Нотр Дам допрва треба да бидат уплатени, изјавил парискиот надбискуп, Мишел Опети.

Тој, исто така, рекол дека износот од милијарда евра што се споменува во медиумите не ја ветила ниту една фондација или, пак, администрација.

Катедралата Нотр Дам беше оштетена во пожарот што избувна на 15 април, по што од сите краишта на светот беше ветена финансиска поддршка за нејзина обнова.

Според Опети, од пристигнатите 13,5 милиони евра, 9,5 милиони евра дошле од 43.000 донатори од Франција и странство, меѓу кои 7.000 Американци.

Преостанатите чртири милиони дошле од поголеми донатори.

извор: Makfax

69
loading...

Најчитани вести