Поранешниот министер Спиро Ристовски бара да му се укине притворот и да се брани од слобода или притворот наместо во шутка да му се замени со куќен притвор. Ристовски е еден од осомничените за организацијата на упадот во Собранието на 27. април.

– Немам намера да бегам ја сум семеен човек со деца што учат овде. Немам резервна варијанта. Моето целосно функционирање е поврзано со Македонија. А во однос на тоа дека би влијаел на сведоци известен сум дека истрагата е завршена. Ниту сум помислил да влијаам на некого затоа што сум уверен дека ќе ја докажам мојата невиност – изјави Ристовски за телевизијата Телма.

Одлуката на Апелација по барањето на Ристовски ќе се знае деновиве.

734

Најчитани вести