Даночните истражни органи денеска извршија претреси во германски банки и приватни простории во повеќе градови, во рамки на истрагата за случајот „Панама пејпрс“ за затајување данок.

„Истрагата е насочена кон неколку поголеми германски банки за кои постои сомневање дека на своите богати клиенти им помагале во затајувањето данок“, соопшти државното обвинителство во Франкфурт.

Банките и становите во кои денеска била извршена рација се наоѓаат во неколку градови во западниот дел на Германија.

Неколку лица и банки се осомничени дека преку една оф-шор компанија на британските Девствени Острови криеле пари од гермаснките даночни органи.

Обвинителството дошло до сознанија за даночно затајување во ноември минатата година по претрес во „Дојче банк“ по обелоденувањето на ткн. „Панама пејпрс“ и „Оф-шор ликс“, документи кои Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ги објави во 2013 година.

„Дојче банк“ тогаш тврдеше дека претресите не се насочени кон банката, туку кон некои од нејзините клиенти.

извор: Makfax

1

Најчитани вести