Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со свое обраќање утре ќе ја отвори меѓународната конференција посветена на европските интеграции, која, по четиринаесетти пат ја организира Универзитетот Американ колеџ Скопје во партнерство со Универзитетот на Рим Тор Вергата. Покрај министерот Димитров, ќе се обрати и амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

„Иновирајќи ја Европа“ е темата во фокус на конференцијата, на која ќе учествуваат истакнати професори и истражувачи, во присуство на претставници на дипломатскиот кор.

„Министерот Димитров ќе се осврне на постигнатите договори со нашите соседи како основа и претпоставка за развој на конкурентна иновативна средина. Покрај тоа, министерот ќе зборува за предизвиците со кои се соочува современа Европа, и потребата од иновативен пристап при соочувањето со истите“, соопшти МНР.

Конференцијата ќе се одржи со почеток во 09:15 часот во просториите на Министерството за надворешни работи.

извор: Makfax

2

Најчитани вести