Австралиската претставничка на Евровизија, Кејт Милер-Хајдке (37), чиј настап синоќа беше еден од најинтересните, изјави дека пред недела дена се соочила со сериозна инфекција на ногата. Кејт вели дека поради обичен плускавец на крајот  можела да остане без нога. Таа објави фотографија од болницата додека лежи во кревет.

„Дојдов од Европа со многу сериозна инфекција која можеше да заврши со ампутација на ногата. Па дури и смрт. И сето тоа поради плускавец. Секој што ги носел знае дека високите потпетици можат да ‘убијат’, но не буквално“, напиша таа во описот на фотографијата додека беше во болница.

„Последните неколку месеци имав еден куп активности. Секој ден се случуваше нешто ново. Не мислев дека моите планови за малку ќе беа уништени поради обични чевли. Првите неколку денови во болницата ми дојдоа како шок“, изјави Кејт.

Пејачката синоќа со својата екипа лебдеше на сцената пеејќи ја песната „Zero Gravity“, која ја напиша заедно со нејзиниот сопруг. Песната зборува за постпородилна депресија.

Таа се појави во фустан што потсетува на венчаница, а целосниот изглед го дополни со круна. Фановите на Евросонг се пошегуваа дека личи на хероина на Дизни.

Пред настапот таа преку социјалните мрежи им се заблагодари на своите фанови што станале толку рано за да ја бодрат.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести