На Фејсбук се појави бизарно видео на кое се гледа повозрасна личност како низ најпознатата белградска улица „Кнез Михајлова“ шета дете врзано како куче, односно со ланец околу вратот. Спорното видео е направено во текот на вчерашниот ден и, за жал, повеќе го нема - бидејќи е тргнато со експресна брзина. 

Под видеото жената која го направила напишала: „Детето има ланче околу вртаот. Малиот има околу 5 години“

Бројните корисници на оваа мрежа го осудиле чинот и се згрозени над постапката на оваа личност. За жал, во моментов по интернет просторот постои само една фотографија направена одзади, па не се гледа лицето на човкот кој на овој начин го шета своето дете.

1

Најчитани вести