Нормално е секоја врска во одреден период да западне во криза, но ако забележите дека нешто не оди како што треба, некои работи постојано се повторуваат, а не се пријатни, многу веројатно е дека меѓу вас нема љубов. Еве кои знаци не треба да ги игнорирате:

Чувствувате оддалеченост

Работа, обврски, пријатели... многу работи стојат меѓу вас и партнерот. Чувствувате јаз кој не може да го преминете. Сексуалниот живот е редок или не постои, само бледи бакнежи кога заминувате на работа или во минување.

Меѓусебната комуникација не постои

Главно не разговарате, а кога разговарате се карате. По некое време не ви е важно ни дали ќе се скарате.

Врската не ви е приоритет

Повеќе преферирате да одите на роденденска прослава на некој далечен роднина или на колега отколку да излезете со партнерот. Сите настани ги ставате пред заедничките дружења со него и чувствувате нервоза или присилба кога немате изговор да излезете заедно.

Сеедно ви е

Кога ќе почувствувате дека повеќе не сакате ниту да се карате ниту да разговарате, сфаќате дека навистина е дојден крајот. Емоциите како лутина се показател дека не ви е сеедно, но апатијата покажува дека ви станало сеедно и дека животот не би бил воопшто различен без него.

9

Најчитани вести