Иран и официјално го суспендира извршувањето на дел од своите обврски според Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА) на 15 мај, објави иранската новинска агенција ИСНА во средата, цитирајќи го претставникот на Организацијата за атомска енергија на Иран.

Според изворот, одлуката ја донел Врховниот совет за национална безбедност на Иран. „Општеството ќе биде информирано за преземените чекори во следните неколку дена. Ние исто така ќе ги објавиме нашите планови за обезбедување пристап до претставниците на медиумите на локациите во Арак и Натанц”, пишува ИСНА.

Изворот истакна дека Техеран, како што претходно предупреди, може да ја обнови работата за збогатување на ураниумот и да го запре ажурирањето на реакторот за тешка вода во Арак ако потписниците на договорот не ги исполнат своите обврски во рок од 60 дена.

На 8 мај, иранскиот претседател Хасан Рухани ја најави суспензијата за извршување на обврските на Иран по две точки од ЈЦПОА кои се однесуваат на потребата за продажба на вишокот ураниум во други земји ако неговиот волумен надминува 300 кг и на тешка вода.

Коментирајќи го потегот на Техеран, Москва изјави дека Иран ги презел обврските доброволно и може да ги запре ако другите потписнички на договорот не го почитуваат договорот.

Во исто време, Франција го повика Техеран да гопочитува својот дел од договорот, истакнувајќи дека ако Иран се придржува кон договорот, европските земји може да му наметнат санкции.

извор: Makfax

4

Најчитани вести