Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ се огласила после пласманот на Србија во финале на Евровизија.

Како за потсетување, Невена Божовиќ со песната “Круна“ ќе настапи во финале на 18 мај.

Инаку, Марија била уверена и се кладела со Саша Поповиќ, дека Невена ќе помине во финале, а Поповиќ не бил уверен дека тоа ќе се случи.

“Малку е познато дека со Саша Поповиќ се кладевме дека Србија ќе влезе во финале. Јас реков дека ќе влезе, а тој дека нема. Сега мора да ми купи патики. Србијо ти честитам“, рекла Марија Шерифовиќ на Инстаграм.

6

Најчитани вести