Рускиот двоец ТАТУ, а кој го сочинуваа пејачките Јулија Волкова и Лена Катина и кој настапи на Евровизија и предизвика скандал со бакнежот на сцена повеќе не постои, но тешко дека оние кои го следат ова музичко натпреварување го заборавиле. 

Од нивниот настап поминаа 17 години, а на девојки во тоа време славата дополнително им порасно откако се појави веста дека се пар. Подоцна се покажа дека тоа е лага, односно добро искористен маркетиншки трик. 

„Нашиот продуцент Вања ни рече дека ќе се бакнуваме во спотот. Мислевме дека се шегува, но не беше така. Не можевме да престанеме да се смееме“, рекла Лена во едно интервју.  Таа денес има 34 години и денес е во среќен брак со музичарот Саша Кузмановиќ, кој има српски корени и е мајка на синот Александар. Откако ставила крај на музичката кариера им се вратила на студиите по психологија и успешно ги завршила.  Не се откажала во целотс од музиката, но никогаш не постигнала успех ни сличен како оној од времето на ТАТУ.

34-годишната Јулија не се бави со пеење. Мајка е на синот Самир и ќерката Викторија, а судејќи по изгледот сега преокупација и е пластичната хирургија. Бидејќи повеќе не личи на себе. 

 

 

Девојките во зенитот од славата снимија шест албума, три на руски и три на англиски. 

 

6

Најчитани вести