Познатата поп пеачка Гоца Тржан сакала или не отсекогаш шокира и го привлекува вниманието на јавноста.

Непосредна и отворена во своите намери не освртувајќи се на мислења на други секогаш предначела во се па така пред четири години уште еднаш ја изненадила јавноста со својата соработка со Сандра Африка во уште по провокативен спот.

Додека многумина се прашувале која е главната причина за ваквиот неспоив спој сметајќи ја Гоца за сериозна пеачка во однос на скромните вокални способности на Сандра, таа имала визија која се остварила, а тоа е дека песната доживеала успех и предизвикала мноштво коментари.

Соработката предизвикала голем интерес кај медиумите при што на снимање на спотот биле неколку телевизиски екипи кои со неверување земале изјави и поставувале прашања со што во еден момент Гоца била приморана да ги убедува новинарите дека Сандра знае да пее.

Денес, само четири години подоцна, дуети и вкрстување наизглед на неспоиви гласови па дури и музички правци станало нешто сосема нормално и очекувано па дури и посакувано доколку сакате хит.

5
loading...

Најчитани вести