Нашата овогодинешна претставничка Тамара на големата евровизиска сцена во Тел Авив ќе застане утревечер, кога и ќе се обиде да обезбеди пласман во големото полуфинале закажано во сабота. Според американскиот магазин Билборд, Тамара со темата „Proud“ е меѓу нивните дванаесет фаворити за победа. Како причина за можниот успех на песната на Тамара се наведува славењето на жената во време на движењето „Јас исто така“ (#MeToo), кое може да допре до многу гласачи, како и до професионалното жири на натпреварот.

– Ова ќе биде прва година во која Македонија да се натпреварува под нејзиното ново име. Земјата првпат учествуваше на „Евровизија“ во 1998 година под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Нејзината најдобра изведба беше 12-то место на Елена Ристеска со песната „Нинанајна“, во 2006 година. Ако овогодинешната претставничка Тамара Тодевска се квалификува во финалето со нејзината песна „Proud“, која ја објави на Меѓународниот ден на жената 8 Март, тоа ќе биде првото појавување на Северна Македонија во големото финале од 2012 година – наведува американски „Билборд“.

Меѓу фаворитите за победа се и Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Русија, Шведска и Холандија.

1

Најчитани вести