Дамите кои се градени како песочен часовник треба да имаат на ум дека на нивните облини одлично прилега минијатурно бикини со триаголници на градите. Така е затоа што имаат тенка половина, а бујни облини. 

Исто така, за нив добар избор е и бикинито со подлабоки гаќички така ќе се прекрие вишокот на стомакот и ќе го стисне како ’мидер’, слично делува и моделот со карнери, па ќе изгледате како да имате сукњичка. Едноделниот костим со изразено отворен грб е, исто така, добар избор.

Ако имате поголеми гради потребен ви е горен дел со корпи. За помалите граду добар избор е горен дел како лента или со ’перничиња’ во корпите.

Ако, пак, сакате некои делови од телото визуелно да ги смалите бирајте потемни бои, а ако сакате да истакнете облини тогаш вашиот избор нека се светлите дезени.

1
loading...

Најчитани вести