И Евровизија веќе не е тоа што беше, а за гледаност се борат со чудни маркетиншки фори. Овој пат за таа цел ја искористија кралицата на попот Мадона - до вчеравечер стигнуваа тврдењата дека пејачката нема да настапува зашто немале потпишано договор со неа, за утринава да стигне веста дека таа сепак се појавила во Израел.

Доцна синоќа таа слетала на аеродромот во Тел Авив облечена во бело од глава до пети, од каде се упатила кон хотелот во кој за неа бил резервиран цел спрат. 

Првите луѓе на Евровизија во текот на вчерашниот ден категорично тврдеа дека Мадона нема да настапува за сега да се појави нова изјава од супервизорот Јон Ола Санд кој рекол дека ќе има досега невидено обезбедување на салата и на „Експо центарот“ за време на нејзниот настап поради терористички закани од противниците на овој музички настан, чие прво полуфинале понуди вистински циркус.

10

Најчитани вести