Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Белград идната година, непосредно после изборите во САД, и ќе понуди решение за косовската криза, тврди поранешниот министер за одбрана на Србија и одличен познавач на американската надворешна политика, Православ Давиниќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, Давиниќ вели дека Трамп сака да го реши косовското прашање и да им „удри шамар“ на Клинтонови, кои ги обвинува дека направиле хаос на Балканот. Според Давиниќ, наредната 2020 година американскиот лидер сигурно ќе ги посети нашите северни соседи.

Тој додава и дека Трамп има позитивен став кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што треба да се искористи.

Трамп како бизнисмен препозна дека овде може нешто да се направи и во тоа поле. Баш ова е шанса за Србија. Трамп сака да го реши проблемот на свој начин, како бизнис, да добие нешто и да не изгуби сè, вели Давиниќ.

Според неговите зборови, Трамп има два проблема: борбата во Стејт департментот и желбата на Пентагон да го затвори овај простор за Русија.

Сепак, решение за Косово најверојатно нема да има додека Трамп не се избори за втор мандат, за што има големи шанси. Доколку повторно победи, сигурен сум дека одма ќе дојде во Србија, подвлекува Давиниќ.

11
loading...

Најчитани вести