Членовите на грчката анархистичка група „Рубикон” рано утринава фрлија боја врз резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина, а потоа избегаа на мотоцикли, објави „Катимерини“.

Американскиот амбасадор во Грција, Џофри Пајат, го осуди нападот врз неговиот дом во Атина.

На својот твитер-профил, тој го окарактеризира нападот како „детски вандализам” и истакна дека ќе соработува со грчките власти за да се казнат сторителите.
Амбасадорот исто така рече дека „уништувањето на имотот не е мирен протест”.

Грчкото Министерство за надворешни работи, исто така, го осуди нападот, велејќи дека тоа е „неприфатливо и неодговорно дело што нема да му наштети на пријателството и пошироката соработка меѓу нашите две земји”.

Анархистичките и ултралевичарските групи често вршат вандалистички напади врз домовите или канцелариите на дипломатите и политичарите во Атина, при што обично фрлаат боја, објави АП.

извор: Makfax

3

Најчитани вести