Денеска Министерот Манчевски објави дека кај да е данокот на добивка за IT компаниите ќе станел 3%. Јас да си кажам:
Нека го намали персоналниот данок и придонесите за младите инженери во ИТ, а за нашата добивка да не се секира се ќе се среди. Ние "газдите" и така работиме на празно повеќе од 25 години за добро на државата, напиша Анета Пешева, генерален менаџер на Ултра и претседател на УО на МАСИТ.

Анета Антова Пешева, основач на групацијата Ултра-Унет ДОО Скопје ја има титулата најпочитувана жена за своите достигнувања од областа на ИТ бизнис технологиите. Привилегијата на оваа титула е од национално и општествено значење, земајќи предвид дека Пешева е лидер на македонска компанија која успешно работи веќе 27 години. Покрај бизнис достигнувањата, Пешева е истакнат активист во полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено-социјален карактер и основач на филантопски кампањи наменти за ранливи и социјално загрозени деца.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје во март годинава на 13-то редовно изборно собрание за Нов претседател на Управниот одбор ја избра Анета Пешева од компанијата „ Ултра“.

Уште во интервју во 2013 година, Пешева предупредува:

“Македонија досега ги следеше трендовите  и токму заради тоа притисокот  да се биде иновативен, да се имплементира нова идеја, или да се автоматизира некој процес е перманентна обврска на секоја компанија во ИКТ секторот. Сите ние, мора, но пред се, оние кои се најповикани, да направиме Македонија да се перцепира како убаво место за живеење, но не во пензионерските години, туку сега и веднаш, затоа што младите заминуваат од ден во ден, од час на час, од минута на минута.Тоа е пострашно и од намалениот наталитет, и од големата невработеност. Се случува да ги подигнувате вашите деца, да инвестирате во нивното образование, и така готови да ги испраќате да живеат надвор од Македонија”, вели Г-ѓа Анета Пешева, генерален менаџер на Ултра – Унет групацијата на компании.

Најчитани вести