Ханс ван ден Берг, експерт за Балканот и директор на БИП, преку Твитер му се обрати на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Место среќавање еднаш неделно со истите луѓе во Берлин, не ли би било подобро да се искористат парите на македонските даночни обврзници за три други посети (да речеме Париз, Хаг и Копенхаген)? Или да се остане дома за да се поработи на реформите и на помирувањето, наместо да се кажуваат европски приказни/бајки?“, твитна Холанѓанецот како реакција на твитот на Димитров: „Јас сум повеќе берлинец! Мојата трета посета на Берлин во само еден месец почнува со примање вреден увид од драгиот Метин Хакверди. Домашните реформи, добрососедство и ЕУ-перспективите во фокусот. Благодарам многу за Вашите поддршка и совет“.

Токму Франција, Холандија и Данска беа најрезервирани минатиот јуни околу датумот за почеток на преговори на Европска унија со Македонија, а слично е и годинава.

 

14

Најчитани вести