Заврши првата полуфинална евровизиска вечер, а познати се и првите 10 финалисти кои обезбедија пласман во саботното финале. Друштво на големата петорка ќе и прават претставниците на: ГРЦИЈА, БЕЛОРУСИЈА, СРБИЈА, КИПАР, ЕСТОНИЈА, ЧЕШКА, АВСТРАЛИЈА, ИСЛАНД, САН МАРИНО и СЛОВЕНИЈА.

 


Мала и куса ретроспектива - што видовме на сцената?! 

  • Нета напукана во мини мислиш има 55 кила, а не 155!
  • Чудни и полуголи ликови, кои водеа мртва трка околу тоа кој ќе направи поголема глупост на  и зад сцената. 
  • „Летачки срценца“ по екраните за време на настапот на Дана Интернејшнал, трансексуалната поранешна евровизиска победничка, во кои се бакнуваше кој ќе стигне. Ама буквално кој со кој ќе стигне! Чисто ако разберат челниците Евровизија ја гледаат и малолетни!
  • Ја видовме Бар Рафаели, една од најплатените моделки во светот и една од посветлите точки сосе останатите (полу)пристојни колеги водители!
  • Слушнавме разно-разни истрошени, патетични животни приказни на учесниците - се само привлекување внимание!
  • А песните?! За вкусовите не се дискутира, нели...

Има уште да нема дилема, ама листата нека заврши овде сепак имаме уште едно полуфинале пред нас, па финале... ЛУДИЛОТО и мизеријата сигурно нема да заврши овде, а фрикови ќе си има уште...

Бљак!

4
loading...

Најчитани вести