Објавената фотографија на социјалните мрежи на струмичката старлета Љупка Митрова од Брно, Чешка, на која е со министерот за земјоделство Љупчо Николовски, предизвика бројни коментари во јавноста.  Особено што Митрова на себе има иста акредитација како и министерот, чие министерство соопшти дека тој официјално е на бизнис средби на македонски и чешки компании од областа на млекопроизводството. Како Митрова се најде во тој настан, е прашање од интерес за јавноста, особено и поради фактот дека е во кумашински врски со премиерот Зоран Заев.

Некои од порталите објавија дека Митрова во Чешка е на наша сметка, односно дел од официјалната делегација. Министерството за земјоделство соопшти дека министерот Николовски е во тридневна официјална посета на Чешка, на која присуствуваат и шест македонски компании од областа на млекопроизводството.

На прашањето на Канал 77 во кое својство е Митрова, од Министерството одговорија дека таа не е дел од државната делегација.

– Делегацијата од МЗШВ е предводена од министерот Љупчо Николовски, придружуван од Трајан Димковски – раководител на сектор за рурален развој и Лидија Чадиковска, раководител на сектор за меѓународна соработка. Љупка Митрова, е таму со нејзиниот татко Горан Митров, сопственик на Земјоделско сточарски комбинат Сушица, приватно отидени, на сопствен трошок, на саем на кој се поканети и присутни претставници од повеќе македонски компании, одговорија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

1

Најчитани вести