Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за Радио Слободна Европа, потврди дека препорака за почеток на преговори ќе добиеме, но датумот е неизвесен.

Според Хан, Македонија направи огромен чекор со промената на името, се со цел да ги задоволи условите за започнување на преговорите за членство со ЕУ.

– Официјално Скопје направи извонредна работа во исполнувањето на сите услови за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Треба да го признаеме огромниот напредок што го постигна Северна Македонија во надминувањето на билатералните конфликти, што беше и предуслов за идното членство. – истакна Хан.

Сепак како што наведува РСЕ, во европските кругови се зборува дека Македонија нема да добие датум за преговори во јуни, туку во текот на летото земјите-членки ќе разговараат кога ќе ги започнат преговорите.

Запрашан да ги потврди наводите дали одлуката за пристапните преговори ќе биде одложена за подоцнежен датум, Јоханес Хан за РСЕ вели дека „намерата секогаш била одлука да се донесе во текот на летото”. Тоа значи дека одлуката за датумот за почеток на преговорите ќе се носи во текот на летото, а самите преговори нема да започнат тогаш.

Според неофицијални информации на РСЕ, во ЕУ постојат назнаки дека се размислува за можна расправа за отпочнување на пристапните преговори на министерскиот состанок во јули, што ќе биде првата важна седница за време на финското претседателство на ЕУ. Финска го презена претседателството со ЕУ на 1-ви јули.

 

1
loading...

Најчитани вести