Москва верува дека може да постигне договор со Вашингтон, нагласи рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по разговорите со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Сочи.

Тие двајцата денеска разговараа во Сочи за билатералните односи, за Венецуела, Сирија, Украина, Корејскиот полуостров и иранскиот нуклеарен договор.

Лавров изрази надеж дека гласините дека САД испратиле 120 илјади војници на Блискиот исток се неосновани, со оглед дека во регионот има многу различни конфликти, пренесе ТАС С.

Рускиот шеф на диплоамтијата истакна дека Русија, Кина и европските земји, кои учествуваат во заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма, ќе одржуваат контакти со САД за да биде решена ситуацијата.

Помпео претходно денеска, во разговор со Лавров, рече дека Трамп е посветен во подобрување на односите со Русија. Тој нагласи дека двете земји не мораат да се согласат околу се, но дека постои простор за соработка, особено во областа на антитероризмот и борбата против ширењето на нуклеарното оружје.

Самитот на Г20 ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Осака.

извор: Makfax

1

Најчитани вести