Не должам никому ништо за изборот на претседател, вели новиот македонски претседател во интервјуто за „360 степени“, одговарајќи на прашањето дали се чувствува како должник, имајќи предвид дека критичарите велат дека Стево Пендаровски и СДСМ допрва ќе треба да испорачаат за поддршката што ја добија од коалициските партнери.

Не, јас ги гледам тие, секој од коалиционите партнери сака да каже дека неговиот влог бил поголем, па лицитираат со бројки кои се апсолутно нереални. Не сакам да кажам дека моите бројки се само од мене заслужени. Тие 433.000 гласови се секако и гласови на коалиционите партнери, 31 коалиционен партнер или политичка партија, се разбира и граѓани кои не се здружени во политички партии, граѓани од сите етнички заедници. Верувам дека овие 433.000 се сите луѓе со име и презиме кои индивидуално дури и неслушајќи ги партиските директиви решиле да гласаат за мене, вели Пендаровски

2

Најчитани вести