Поранешниот НБА-играч Денис Родман е обвинет за ограбување на продавница за облека со уште три други лица.

Американските медиуми објавија дека Родман, со две жени и еден човек, влегол во продавницата и почнал да го одвлекува вниманието на вработените.

За тоа време, една од жените, која била со него, почнала да ги става работите во торбата.

Човекот кој бил со нив во друштво фрлил кристали на подот и на тој начин го привлекол вниманието на вработените.

Медиумите известуваат дека на крајот друштвото излегло од продавницата со облека во вредност од околу 500 долари.

Смешна сума, имајќи предвид дека поранешниот соиграч на Мајкл Џордан од најдобрите години во Чикаго заработуваше милиони долари во текот на својата кариера.

извор: Makfax

3

Најчитани вести