Во општина Аеродром се врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта.

Како што информираат општинските власти, се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале“ во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи.

Од општината најавуваат дека овие активности ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на Аеродром.

 

извор: Makfax

1

Најчитани вести