Ситуацијата со недостаток на квалификувана работна сила во Словенија се влошува и изгледа пострашно отколку кризата во 2008 година.

Како што пренесува агенцијата СТА во изминатите шест месеци скоро 50 отсто од работодавачите се соочиле со недостаток на кадри, при што големите компании во тоа имаат удел од 70 преоценти, пишува СТА.

Според податоците на Заводот за вработување, недостатокот е најизразен во угостителството со 69 отсто, градежништвото 62 отсто, социјална и здравствена заштита 62 отсто и во преработувачката индустрија 56 отсто, се наведува во текстот.

1

Најчитани вести