Викендов покрај сите настани се одржа и првата трка од картинг шампионатот на Македонија, трка која е всушност прва од календарот на автомобилистичката федерација на Македонија, која беше организирана од Авто картинг клубот Кастом кар рејсинг тим, а подржана од Агенција за млади и спорт и Арт картинг центарот које покровител на трката и каде што и беше возена самата трка.

Инаку се возеа трки поделени во три класи и тоа мини бамбини најмалите учесници од 7 до 9 години, втората мини од 9 до 12 години и третата класа е рентал односно учествуваа лица постари од 13 години.

Распоред од резултатите во првата и најмалата класа е на првото место заврши Стефан Стефановски, 2 место Христо Ковачи и 3 место Дамјан Давидовски. Во втората класа на 1 место заврши Петар Богатиновски, на 2 место Лука Бошковски и на 3 место Иван Василевски. Додека во третата класа на 1 место успеа да се искачи Михаил Делев, на второто место Масимо Тасевски и на третото место заврши Коста Николовски.

Најмалиот учесник Христо Ковачи кој со своите 7 години покажа навистина голем талент, интересна борба и голема љубов спрема автомобилизмот. Всушност тој стартуваше од 2-то место, но во текот на трката го загуби своето место и беше трет, сепак малиот Ковачи не остана таму, со голема борба успеа да си го врати своето место и да заврши на второто место – Браво Христо одлично извозе!

Да мали се, уште многу трки се пред нив, но како за прва трка со 7 години, некој кој покажува толку голем интерес и талент тогаш можеме со сигурност да кажеме дека и Христо е иднината на македонскиот автомобилизам, а веруваме и иден шампион во голем број на шампионати и класи!

 

 59923965_715791522189616_5765726855936081920_n 59934665_460324604736949_5612479837244489728_n 59936751_568498380307667_5905648777246539776_n  60008229_1297480560399907_1855547118798766080_n  60282526_2314456091946573_7060214700276973568_n 60015005_1262256917257355_924010025586786304_n 60146683_703158730104668_4918622471801798656_n   

Целиот текст можете да го прочитате на рпм.мк

4
loading...

Најчитани вести