Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски. Според извори на „Фокус“ Бошњаковски ќе премине во кабинетот на Пендаровски, но нема и понатаму да биде задолжен за односи со јавноста, туку најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот.

Бошњаковски за „Фокус“ одби да ги потврди или негира овие информации и рече дека се уште нема ништо официјално.

Новоизбраниот шеф на државата, инаку, деновиве го екипира својот кабинет. Освен Бошњаковски, најверојатно во кабинетот на Пендаровски ќе влезе и универзитетскиот професор Александар Спасов, кој ќе биде еден од советниците.

Неофицијални извори велат дека во тимот на Пендаровски ќе биде и поранешната новинарка, Катерина Цаневска, која беше портпарол на екс градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Во изборот на Пендаровски биле и Ана Чупевска Станишковска, доцент на Правен факултет, како и активистката Мерсиха Смаиловиќ, но за нив се уште нема потврда.

Извор: Фокус

2

Најчитани вести